Интервју со Антонио Митрикески со Милица Дјукиќ, јуни, 2004

Posted by on Dec 5, 2018 in Interviews

Continue

МИЛИЦА: „ По мишлјенју многих филмских аутора, публике и критике ти важиш за једног од најзначајнијих македонских режисера, новије генерације.  Скренуо пажнју домаќе и иностране јавности на своју редителјску поетику и специфичан визуелни стил.
Како би ти представио себе публици и поштоваоцима твог рада ?

АНТОНИО: Не можам да се замислам без работа на филмови за кои се едуцирав. При работа на филмот се наидува на голем број проблеми и финансиски потешкотии. Се  бара голема физицка и психицка спремност. Треба да се помине низ долг трновит пат за да се направи филм. Мислам дека  ако режисерот е решен да направи филм, ке го направи со својот творечки нагон и ќе ги совлада тие тешкотии.

МИЛИЦА: Од чега починјеш када планираш нови филм? Од идее ли?”

АНТОНИО: Животот врие од проблеми, од разни луѓе, разни карактери, противречности, страсти, љубови, судбини. Ми лежат внатрешните состојби на цовекот, неговите противречности, доброто и лошото, темната и светлата страна.Во последниот филм Како лош сон, сакав да  го приказам  злото и кога цовекот самиот се пречистува, самиот го гледа лосото, злото во неговата преопбразба. Од гревот кој го сторил преку покајуването до опростуването- тој поминува во доброто (иако се самоубива). Тоа е многу болно, али има и убавина.
МИЛИЦА: Твојот докуменарен филм, „Љубовта на Кочо топенчаров“    одеше на многу фестивали и е добитник на златната медалја на Мартовскит  фестивал на документарен филм во Белград…

АНТОНИО:Тоа е вистинска приказна за Кочо и Марика, за двајца кои се заљубиле. Кочо го поминува Охридското Езеро и е затворен во Албанија. После 40 години се враќа во родната Македонија. Јас со фото апарат го снимив нивното враќање од Албанија, поминувањето на самата граница. И врз база на тој материјал го направив тој документарен филм.

МИЛИЦА: Колку ти е важна музиката во филмот?

АНТОНИО: Тишината  многу зборува… Крцкање на вратата….Јас во моите кратки филмови настојував  тишината да зборува.
Во моите кратки документарни и играни филмови, сум користел  тишина, сум настојувал  да има тишина со природни звуци.
Во дебитантскиот филм Преку езерото, имав среќа  да се прифати  мајсторот на пановата фрула Георге Замфир да ја изведува и пишува музиката.Во филмот има малку дијалог, а музиката  ја прикажува внатрешната состојба на јунаците. А музиката за Како лош сон е од Анастасиа.

across the lake main

МИЛИЦА. Неки критичари у твом раду виде неку врсту нове осечајности,
македонског филма. У сваком случају, реч је о једној изазовној визуелној редителјској естетици, која покреќе и провоцира.
Допадају ми се твоји филмови јер намеќу теме који многи аутори у својим филмова успешно заобилазе- говориш о изолацији, страданју, патнји, и у твојим филмовима има наде. Можемо говорити о мистичном симболизму у твојим филмовима, да ли се трудиш да тако представишсвоју редителјску поетику или је то значенје које у твоје филмове уписују други.

Антонио: Секој уметник се стреми да го искаже внатрешниот свет на човекот. И во моите кратки филмови и во долгометражните сакав да ги искажам  внатрешните конфликти на човекот и неговите проблеми што ги носи во себе.
Сакам да  предизвикам емоција, ја сакам визуалноста, сакам да навлезам во душата  и да го прикажам јавето и сонот.
Не мислам дека сум навлегол во мистицизам, реалноста е неподнослива, грда. Во филмот Преку езерото-човек е осуден на 40 год.  затвор затоа што љубел. Тој го поминува Охридското Езеро, го осудуват за шпиуназа.
Константин Топенчаров, после 40 години успева да влезе во својата татковина.
Во филмот Како лош сон-Има ли погрда вистина. Да бидеш земен од сопствената свадба.
Некој рече: Ајде, одиме…убивај…нема кој да каже стоп….
Уметноста се стреми да допре до возвишеното. Сликарот кој го слика пејзажот, го интересира што има зад тој пејзаж, да открие несто позначајно. Уметникот се стреми преку симболи, а не директно да се искаже. Мистичен симболизам е разбирање на индивидуалните човечки маки, страдања, тоа се тешки маки, мистични, таинствени, тоа се луѓе крајно воздрзани, затворени, херметични, затворени во себе, малку зборуваат, не се наметнуваат. Прават муабет сами со себе. Тогаш тие се мистични. Дури немаат ни патетика. Внатрешни психолшки чувства. Внатрешен диалог.
МИЛИЦА: Осим тога што си признати филмски редителј и сценариста, имаш и успешну
академску каријеру? Тренутно имаш званје асистента на предмету филмске режије на Факултету „Ст. Кирил &Методиј“ у Скопју?

АНТОНИО:  Задоволство е да се работи со студенти, имаме даровити млади луѓе кои добиваат награди во сите отсеци: монтажа, камера, режија, драматургија и така натаму. Јас ги учам онака како мене сто ме учеа, треба да го знаат занаетот. Склупторот  треба  да знае да направи портрет, а после интервенции ви простор, и инсталации. Јас ги учам, занает да имаат.
А самиот барам и фантазија, надреалност, симболи, сонот, да продрам внатре во ликот, внатре во обичниот цовек.

МИЛИЦА: Ко су редителји које уважаваш у контексту кретања у савременој филмској  продукцији? Или ко су били твоји редителјски узори?

АНТОНИО:  Во Полската скола многу анализиравме разни режисери. Ги гледавме многу филмовите на : Тарковски, Фелини, Параданов. Контактиравме со  Роман Полански на неколку наврати. Со Анзеј Вајда работевме на трета година. И тие ни беа узори,  времето минува, како сто созревам професионално, ги менувам моите узори.
Денеска избирам свој сопствен израз и настојувам до се  пронајдам, да се пронајдам себеси. Да имам свој белег во филмовите. Навистина е тоа тешко, некогаш си неразбран. Да го циеирам Блаже Конески (познат македонски поет)- Она што е вредно не може да се урне, без разлика колку уривачи има и од кои центри е испратено. Она што не е вредно само ќе се урне.

МИЛИЦА: „Какав је твој однос према филмским фестивалима ?“

АНТОНИО: „Фестивалите се од големо значење, се  остваруваат  контакти со луѓе, се разменуваат искуства, има комуникација, договори со продуценти. Ние сме мала земја, а филмот е медиум  кој многу брзу  и на многу ефикасен начин  не преставува надвор и не допближува до светот. Светот станува многу мал.

МИЛИЦА: Хајде још мало да разговарамо о вашем последнем филму…Како лош сон

АНТОНИО: Сакав  да ја покажам лошата комуникација помеѓу луѓето, денеска претежно луѓето не можат да ја изразат својата љубов, не можат да ја искажат љубовта. Пр.главниот јунак што го глуми Мики Манојловиќ многу ја сака жената, тој ги сака многу обичните работи, али тој не може тоа да го каже: Да можев, да можев ке почнев се од почеток, сакам обични работи, сакам утринско кафе да испијам со тебе… сакав преку овој филм да покажам дека човечката  душа е загрозена. Ја нема. Не е важно каде се случува дејствието. Приказната апстрактно е сместена.  Војните разоруваат. И кај Професорот е отуѓена душата и неговата душа е загрозена. Затоа таму ја нема и директната комуникација. Лугето се отуѓени. Филм за една ГЛУВОТИЈА.
Промената е болна, али е убава, затоа поминувам низ фазите на ГРЕВ, ПОКАЈАНИЕ и ПРОШТЕВАЊЕ. Преку внатрешни немири, преку препреки да се дојде до просветлување, тоа е болно,но  има убавина во сето тоа.
МИЛИЦА: О чему говори твој нови филм „Трацкс ат Роад“? Ти си тренутно у фази припрема за овај филм.

АНТОНИО: Точно, поодамна ја носам таа идеја. Имам работен материјал за филмот Траги по патот. Имам голема среќа што се прифати  да соработува со мене на проектот како драматург, проф. Филип Давид. Траги по патот го замислуваме како мјузикл, верувам дека ќе допре не само до критиката туку и до  публиката.
Се работи за љубовна приказна за Иван и Марија кои се сакаат од мали. Се разделуваат. Иван трага по Марија. Љубовта е основа, во љубовта е слободата и убавината. Како сто вели апостол Павле: „ И да зборувам на сите јазици, дури и ангелски, ако љубов немам, би бил гонг што ечи или цимбел што ечи”

Tags: