ИНТЕРВЈУ ЗА ВЕСНИКОТ ЛА НОВА за ФИЛМОТ ПРЕКУ ЕЗЕРОТО со Даниела Блажевска

Posted by on Dec 5, 2018 in Interviews

Continue

1.Каква беше вашата прва средба
Многу пати ја поминував границата со воз, студирајќи во Полска. Поминував низ Унгарија, Словачка, Германија и др. Често размислував за глупоста на границите, како може да постојат граници? Да се ограничува слободата на лугето.
Кога слушнав дека после 40 години доага со својата фамилија  Кочо Топенчаров кој го препливал езерото за љубов и не можел да влезе во Македонија поради режимот и затворените гранци. Живеел во Корча во Албанија и сега како старци им е дозволено да се вратат.
Го земав фото апаратот и камерата и снимив се што се случувасе  на граничниот премин Кафасан, кревањето на рампата, прегледот на пасошите, од оваа страна на границата нивните роднини, прегратки и солзи, емоции кои што навистина допреа до мене. Следев скришно со камерата како Кочо оди по калдрмата во Охрид, влегува во црквите, ги мириса цвеќињата, сета покрај езерото. Се со некоја сетност на поминатите години. Како гледа во децата кои си играа во кајцината оставени на брегот, осеќав како тој се сеќава на своето детство, како во себе да велеше: „Вратете ми го минатото”. Али пак имаше насмевка на неговото лице. Тој живее уште преку сите деца, и тие ќе имаат своја судбина и свој живот.

2.Со какви чувства ви раскажуваше за својот живот?

Кочо Топенчаров е еден племенит, добар, топол човек. Во  него ме трогна неговата чистота, доброта и внатрешна убавина, ме трогна и неговиот лесен хумор за сопствениот живот. Раскажуваше без патетика за првата средба со љубената Марика. Кога им дал на сите по една палачинка, а на Марика и дал две, таа го прашала: „ Зш мене ми даваш две? ”Тој отворено, чисто младалачки одговорил:„ Зш те љубам”. За таа љубов тој го преминува езерото од неколку километри со кајче за да си ја земе љубената назад во Охрид. Неговата чистота е толкава да не може да сфати … одма го затвараат како шпиун. Тој наивно и понатаму верувал дека тоа е  мал неспоразум. Режимот на Енвер Хоџа е суров. Тука ме трогна–кога ги видов неговите насолзени очи, за таа глупост на границите. Тој опстојувал, не се предавал, со поддршка на фамилијата. Ме трогна и неговата сопруга Марика, која е олицотворение на наша жена, која знае да опстане и да се справува со проблемите, да не се предава. Гордо и достоинствено, иако во длабока старост, да се вратат назад.Тоа не е обична љубов, тоа е повеќе од љубов, да се опстане и  да се дојде до крајот.
Најмногу ми лежи во документарецот „Лјубовта на Кочо Топенчаров“ единствениот дијалог меѓу Пријателот и Кочо вратен во Охрид-старец, се снимено со скриена камера. Над езерото, на пристаништето случајно се среќаваат и во ехо се слуша нивниот диалог. Пријателот: „ Абе ти си Кочо? Си се смалил, си се счучурил, не те познав…како да не се ти? Кочо : „ Абе таму не падна дожд и се исушив“ . Пријателот:„ Абе ти таму си лежел долго затвор. Кочо: „Еден курс бев“. Пријателот: „ Ако… ама рече Марика, Марика! И остана таму да пасеш гревои. Кочо се смее на тоа, се смее на својата судбина.
5. Вашиот филм е емотивна ангажираност против глупоста на границите. Освен дрзавните кои други граници ви пречат најмногу?

Слободата на личноста е нешто најубавото. Духовното богатство е тоа што вреди и што остава во главно траги.
Бебето се раѓа слободно, насмеано, не знае за лошо, не знае за граници, не знае за раси, националности и омрази. Кога ја гледаме птицата во лет или водата сто тече , дали познаваат граници? Ме боли кога гледам луѓе кога  чекаме  пред амбасадите да заминеме од другата страна, зошто? Што е Европа, ние сме срцето на Европа, ние сме крстопатот-ние сме им потребни на Европа, ние имаме богатство со нашата мултикултура со која можеме само да ги обогатиме. Во Преку езерото цитирав еден стих од нобеловка Симборска, на оваа тема, кој многу ме допре и го ставив на самиот крај.

6. Што значи за вас изреченото : „Ти си  вечност, а ние мигот“?

Постојано  ми е во сеќавање мојата баба, која доживеа над сто години, велеше дека животот толку бзо поминува, да тоа е како еден миг: „ Гости сме деца тука, да доживееме 100 години и уште 100, пак ќе заминеме “. Сакаше да ме поучи и јасно ние на сите дека мигот изумира, не се враќа, непредвидлива е човечката судбина, не знаеме сто може секој момент да ни се случи, затоа да бидеме насмеани, радосни, весели, да оставиме колку што можеме добри дела и спомени, зашто честа е посилна од смрта. Што е вечност? Се прашувам, и од таму водата, сонцето да не набројуван. Изворот наживотот е вечноста.

across the lake

7. Како визуалната поетика стана ваш претпознатлив филмски јазик?

Тоа е вероатно нешто генетско. Слушав од мал дека кога татко ми, кој претежно ваја во дрво, па брат ми кој е претежно апстрактен сликар-во себе делото „толку“ го обработуваат и го насликуваат визуално, го чистат од непотребниот материјал-за да го доловат оној крик на експресија што секој од нас и несвесно го носиме. Тоа се тие емоции на бол, на радост, на тага, на очај. Јас, нескромно е да кажам, ама уште како студент, моите филмови, документарни и кратки играни, кои Лоѓката филмска академија и ден денес ги пушта, беа карактеризирани, наградувани, опишани како филмови кои се одликуваат  со визуелна поетика и експресија.

8. Изјавивте дека уживате во свирење флејта. Дали флејтата беше пресудна што ја избравте музиката на Георг Замфир за Преку езерото?

Уште од мал, можеби делувала мојата средина, сум бил опкружен со уметници. Покрај литературата, сликарството, многу ја сакав музиката. Тоа  време беше време на правење музички групи со другарите. Уште во седмо оделение бев тапанар. Имав среќа, мојот роднина познатиот композитор и пијанист Виктор Цуцков да ми подари прекрасна флејта, а уште поголема среќа имав да се зафати да ме учи флејтистот Пеписион, кој многу ме сакаше и сакаше да ме ориентира да учам флејта. Пановата флејта на Замфир, која ја слушав уште од мал, многу допираше до мене, кога го гледав филмот „Беше еднаш во Америка“ на С. Леоне, неговата тема на пановата флејта и покрај извонреднатаа музика на Е.Мориконе, исто така многу допре до мене. Многу искрено му написав на Георг Замфир, му ги кажав моите чувства, му го испратив материјалот со филмот и имав среќа, тој  крал на пановата флејта се прифати  да ја компонира и изведува музиката за Преку езерото.
Филмот има малку дијалог. Тој жанровски е ЕЛЕГИЈА. Музиката е  внатрешен испрекинат монолог на ликовите, посебно на Константин. Како сто вели Замфир:„ Со тој звук се доловува крикот, се прикажува болот и радоста, од секојчовек да се извлече доброто што го носи.
Ќе ја цитирам Јагода Михајлова Георгиева која направи интервју со Замфир: „Георг Замфир, кој е музички феномен, виртуоз на пановата флејта, интернационална фигура вели-„Мојот живот е само музика, без неа не можам да допрам до најдоброто во себе. Тоа што го пишувам мора да биде полно со емоција, таа солза што ја предизвикувм не мора кај секого поединечно  да допре, цел ми е да го доловам вистинското раѓање,  зашто секој во почетокот е чиста капка вода, чиста солза’.
Секој филм не може секому да му се допадне, ме радува кога ќе допре филмот до поединецот. Многу се радувам на наградата сто ја добив за Преку езерото од публиката на браќа Манаки, и сто на филмскиот фестивал во Скопје пишуваше во весниците дека „За Преку езерото се бара карта повеке”“, претежно од млади луѓе. Многу ме израдува што, иако не ја познавам, прочитав од една реализирана, среќна жена Ана Здравковска Илиевска , на прашањето :” Кој филм најмногу ви се допаѓа: Го цитираше Преку езерото.

10. Имавте ли разлицен пристап, кога го снимавте документарниот филм?

Многу сакам документарен пристап кон филмот, ама едно е како сакаш и кога работиш документарен филм  а друго-при самата работа, било на сценариото или работа со глумци –пристапот делумно се менува.

r66

11. Зошто хероите на Преку езерото ги именувате….

Не знам дали свесно ме водеше тоа, али Елена и Константин за мене претставувале великомаченици во Христијанството-кои исто така опстанале.

12. Дали е вашата филозофија на животот…

Има нешто судбинско што одлучува во нашите животи и ако не го направевме во еден миг тој избор на професија, љубов, пријателство, дали нашиот живот ќе беше поинаков?
Во разговорите, уште во документарниот филм, со Кочо и Марика, кога како старци после 40 години се вратија во Македонија, открив дека имале сепак многу мигови на задоволство во нивниот живот. Дека ете животот е борба во која треба да се опстане. Марика( Елена ) и во документарниот филм ќе рече : „Го гледав како мало дете-да го вратам во неговата втора љубов–Македонија“. Среќата е во задоволството и тие имале заеднички многу  убави моменти, кои, ако биле од оваа страна, дали би ги имале?

13.Која сцена ви бесе најтешко да ја снимите?

Сцената со кајкето, кога Константин го преминуваше езерото.

14. Кој дел од снимањето на филмот ви беше најзабавен?

Не би рекол забавен, туку работа која сакав да ја извадам, и тоа: емоциите, болот,  љјубов, тага, радост,  немирите  и страстите меѓу Константин и Елена. Да ја покажзам нивната издржливост. Да не се предадат и да дојдат до крајот.

15. Еднаш признавте дека за филмот се зборува како за професија за…

Да се работи на филм е многу тешка работа. Во едно американско списание, прочитав дека се направени истражувања и професијата филмски режисер е ставена за најтешка веднаш по пробен пилот. Филмот бара не само креативна работа, длабоко копање во себе- да ја искажеш идејата која си ја замислил. Голем дел од енергијата се троши на барање средства. Ако немаме верба во себе  и дека ќе го направиме филмот, покрај сите препреки и проблеми на кои наидуваме, нема да добиеме краен продукт.
Мислам дека денеска Македонскиот филм ја продолжува традицијата, се направија доста филмови. Сум го повторил и сега ќе кажам, а е кажано и од други филмски работници- дека присуството на насите филмови на голем број фестивали како: Ротердам , Москва, Монтреал, Токио, Торонто, Венеција и др., ќе бидам нескромен и за мојот филм да кажам, „Како лос сон“ од над 400 филма на фестивалот во Монтреал, 180 премиерни филмови, влезе помеѓу 19 филма во официална конкуренција. Монтреал е помеѓу деветте најголеми светски филмски фестивали. Влезе помеѓу земји со висока филмска продукција, високи буџети, дојдоа на фестивалот со големи екипи, почнуваќи со нивните министри. Филмовите, уметноста претставуваат многу брза афирмација на нашата култура… Затоа мислам дека треба да се продолжи, треба да се помагаат филмови, сценарија, да се помага развој на проекти, и на постарите режисери и на младите генерации кои што се доста талентирани. Знаеме дека копродукцијата во фимот е тешка работа. Ние на фестивали разговараме со продуценти, али многу тешко се одвојува тој дóлар  за филм. За да не ги изгубиме  копродуцентите, да не ја растуриме екипата со која работиме- треба да имаме поддршка од тука, треба да имаме разбирање.

16. Пред неколку години изјавивте уметникот не е плачко…

Многу е лесно да се предаде уметникот, не мислам само за филмската уметност. Да ја земеме ликовната уметност. Сликарот сам купува платно , сам купува бои, дури некогаши без поддршка отвора изложба, ни една слика од таа изложба не ја продава, не му се откупува, а тој продолжува да твори. Тој е тој внатресен нагон, да го речеме( некаде прочитав) „ творецки инает“ кој не тера да не сопреме. Татко ми Боро Митрикески многу сака да го цитира Марко Цепенков, кој вели: „Како ме опфатил овој мерак за пишување, само умирачката може да ми го земе перото“. А татко ми, кој го гледам со години како со глетото удира во каменот, работи од сабајле до вечер, вели: „Мене глетото од рака може да ми се  земе само кога ќе заминам од овој свет“. Денеска Силјан Штркот, е единствено дело од Македонија кое се наоѓа во Ломоносовата библиотека  во Москва.Се радувам што таму е и портретот на Марко Цепенков, изработен од Боро Митрикески.
Ќе повторам, ако внатрешниот нагон го тера уметникот, ниту времето, ниту состојбите нема да го попречат да „оди“ понатаму.

17. Планирате ли да режирате нов филм наскоро?

Работиме на филмот „Траги“. Тоа е едноставна приказна. Сценариото е готово. Покрај мене работат: Ева Камчевска-студент на оделот драматургија на ФДУ во Скопје, Познатиот Фипип Давид, Андрија Зафрановиќ. Направен е буџет од продуцентот Дејан Илиев, исто дипломец на ФДУ во Скопје. Да не ги набројувам сите  за да не испуштам други соработници, музичари и др. Сите работиме доброволно, со љубов, да направиме филм. Писмени официјални потврди за копродукција имаме од Франција, Бугарија, Полска, има и други заинтересирани. До Министерството за Култура аплициравме со желба да добиеме писмена потврда, за да не ги изгубиме копродуцентите. Да повторам,бараме минимални средства, за да може таа енергија што ја вложивме да не ја растуриме, да не ги изгубиме контактите, копродуцентите. Се обидуваме и со донатори. Работиме како да ќе почнеме утре.

јули 2005, за Ла нова.

Tags: